Фото: Virgin Galactic
Американската компанија за производство на спортска опрема, Under Armour, најави партнерство со Virgin Galactic, за којашто би требало да изработи специјални одела за туристички патувања во вселената, пишува Washington Post.
Овие одела ќе ги носи капетанот, како и над 700 патници кои се пријавија за лет што чини 250.000 долари.
Virgin Galactic, инаку во сопственост на Ричард Брансон, се подготвува за ова вселенско патување, на 50 милји над Земјината површина, со леталото SpaseShipTwo.
Брансон идните вселенски патници ги нарекува астронаути, а во партнерство со Under Armour, создава вселенска мода. Целата униформа се состои од едноделно летечко одело, чевли и јакна што може да се носат за време на мисијата, но и потоа. Пилотите ќе имаат посебни униформи, а нивниот дизајн ќе биде познат наскоро.