Лондон: Роботи ќе паркираат автомобили на аеродром

72

Фото: Stanley Robotics 

Француската компанија Stanley Robotics креираше роботи – возила што паркираат автомобили на означени места. Системот наречен Stan по извршените тестирања ќе започне да ги “нуди“ своите услуги на аеродромот Гетвик во Лондон. Патниците кои ќе пристигнат со автомобил, треба само да го остават во малечка гаража и да се пријават во системот преку скенирање.

Потоа, роботот го носи возилото на далечен и сигурен парк за автомобили, а кога ќе се врати патникот го довезува во сигурна гаража од каде што сопственикот си го зема назад пишува, New Atlas.

Роботите Stan можат да возат во било која насока, одлично се снаоѓаат и во тесен простор и умеат да паркираат 30% повеќе возила на обичен паркинг. На аеродромот Гетвик во Лондон, со помош на овие роботи, ќе бидат проширени постоечките 170 паркинг места на 270.