Научници креираа паметно вештачко колено што ја намалува потребата за операција

308

Фото: Pixabay

Научници од САД креираа паметно колено опремено со сензори што реагираат на притисок. Идејата е преку нив да се следи на колкав притисок е изложено коленото при различни активности.

Сензорите исто така ќе испраќаат информации до докторите за можно оштетување за да можат брзо да реагираат, пишува New Atlas.

Наместо батерија коленото има трибоелектричен систем којшто генерира енергија за имплантот. Оваа енергија се создава од триење на лигаментите кога пациентот се движи и се складира во специјален уред.

Крајна цел на паметното колено е да се намали, односно пролонгира потребата за хируршка интервенција кај пациентите. Освен тоа, добиените податоци би се користеле за развивање на вештачки колена што траат подолго време.