Volvo разви жив ѕид што го одбива пластичниот отпад од морињата

35

Фото: Facebook

Шведскиот производител на автомобили, Volvo во соработка со Институтот за поморски науки во Сиднеј, создаде жив ѕид што има за ја заштити водата од пластичен отпад.

Неговата структура потсетува на корени од стебла и обезбедува засолниште на живите организми од морето. Има за цел да го зачува биодиверзитетот во морето и да привлекува организми што ги апсорбираат и филтрираат загадувачите, како што се честички и тешки метали, одржувајќи ја водата чиста.

Ѕидот е направен од 50 “плочи“ што се очекува со текот на времето да бидат “колонизирани“ од страна на организмите, а планирано е да се следи неговиот развој во следните 20 години.