4ocean – компанија што заработува заштитувајќи ги океаните

65

Фото: Facebook

4ocean е компанија на двајца пријатели од факултет и вљубеници во сурфањето, кои од едно патување во Индонезија добиле идеја за нивниот бизнис.

Компанијата на Ендру и Алекс се занимава со извлекување пластика, стакло и друг вид на отпад од океаните. Потоа, овој отпад го рециклираат, а од добиениот материјал прават нараквици што одат на продажба. Една нараквица чини 20 долари, а за нејзина изработка се користи околу половина килограм отпад од океанот. Компанијата досега продала нараквици во вредност од 30 милиони долари.

На официјалната страница на 4ocean има поставено и бројчаник што во реално време покажува колку отпад имаат собрано.

4ocean досега има организирано чистење на плажи во 27 земји во светот. Повеќе од 40% од профитот на компанијата се насочува кон чистење на водите во океаните, а дополнителни 10% се пренасочуваат кон хуманитарни организации кои, исто така, се фокусираат на чистење на океаните.