BMW и Daimler инвестираат една милијарда евра во заедничка компанија

61

Фото: Pexels

Германските автомобилски брендови, BMW и Daimler претставија заедничка компанија за превоз по потреба, услуги за паркирање и полнење на електрични автомобили, пишува CNN.

Овие компании, инаку жестоки конкуренти, инвестираат една милијарда евра во овој проект.

“Понатамошна соработка со провајдери на услуги, вклучувајќи и удел и соработка со стартапи и етаблирани играчи, исто така е како опција“, вели Дитер Цетче, извршен директор на Daimler.

Брендот на Daimler – Car2Go, за споделување превоз, ќе се поврзе со компаниите на BMW – DriveNow, ParkNow и ChargeNow.

Заедничкиот проект на двата автомобилски бренда има пет цели: Reach now (услуга што ја осмислува рутата и врши резервација преку мобилен телефон), Charge now (услуга за полнење на електрични автомобили), Free now (услуга за повикување такси), Park now (услуга за паркирање) и Share now (за споделување превози).

“Овие пет услуги ќе бидат тесно поврзани за да може да се создаде единствено портфолио на услуги за мобилност со целосно електричен возен парки, кој вози и паркира автономно“, вели Харалд Кругер, извршен директор на BMW.