Престижниот Оскар вреди само еден долар?!

51

Фото: Pixabay

Оскарот, најпрестижната и најпосакуваната филмска награда во светот, е желба и сон на секој актер. Но, таа златна статуетка не вреди повеќе од еден долар.

За тоа е “виновна“ една пресуда, но и стриктната одредба на Академијата за филмска уметност и науки што го организира изборот на најдобрите во филмската индустрија.

Според нивниот правилник, ниту еден добитник на оваа награда не може да ја продаде статуетката, а пред тоа да не ја понуди на Академијата за само еден долар. Ова правило не треба да го почитуваат само добитниците, туку и лицата кои како наследство ќе ја добијат златната статуетка, пишува CNBS.

До пред неколку години, на сила била одлуката од 1951 година, според која проценетата вредност на статуетката е 10 долари, но поради една спорна тужба таа одлука во целост е сменета.