Coca-Cola годишно произведува три милиони тони пластика

50

За прв пат во своето постоење, Coca – Cola ја откри количината на пластика што годишно ја произведува. Станува збор за три милиони тони, што би било еднакво на 200.000 пластични шишиња во минута.

Поттикнати од кампања за борба против пластиката, на фондацијата Ellen MacArthur, Coca – Cola се приклучи на листата каде се вклучени 31 компанија.

Освен гигантот за пијалаци, своите количини на произведена пластика ги објавија и Mars, Nestlé, Danone, а комбинирано сите заедно се одговорни за осум милиони тони пластика годишно.

Сепак, некои компании сè уште не сакаат да ги обелоденат овие бројки, а тука спаѓаат Pepsi Co, H&M, L’Oréal, Walmart и Marks & Spencer, пишува Guardian.

Досега на глобално ниво 150 компании се потпишале на петицијата за намалување на пластичниот отпад.

Фото: Pixabay