CEED Македонија објавува оглас за практикант

65

Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија објавува оглас за практикант.

Целта на практиканството е да овозможи на млада невработена личност можност за тримесечно работно искуство во динамична канцелариска средина. Тој/таа ќе биде менториран на дневна основа и ќе биде ангажиран(а) на оперативни, логистички и програмски активности. Практикантот ќе придонесе кон успешно реализирање на планираните активности и истовремено ќе стекне нови лични знаења и вештини преку спроведување на професионални работни обврски.

Главни одговорности:

  • Поддршка во организирање и спроведување на тренинг активности, состаноци и останати настани;
  • Поддршка во подготовка на материјали за обуки;
  • Поддршка во изработка на промотивни материјали (брошури, флаери, power point презентации)
  • Ажурирање на бази со податоци;
  • Превод на документи од/на англиски и македонски;
  • Поддршка при маркетинг промоција на социјални медиуми (Facebook, Twitter, LinkedIn, Instagram, Mail Chimp)
  • По потреба, спроведување на останати програмски и проектни активности.

Потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности
  • Организациски способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Иницијативност и тимски дух
  • Флексибилност за повремено патување и работа на терен

Очекувани квалификации:

  • ВСС од областа на економија, право, новинарство, односи со јавност, технички науки или сродни области;
  • Претходно работно искуство не е потребно;
  • Флуентен англиски јазик, писмена и усна комуникација;
  • Работно користење на компјутер – MS office;
  • Основно познавање на програми за обработка на фотографии;
  • Основно познавање на програми за дизајнирање на брошури, материјали и newsletters (дизајнирање на Power Point презентации);
  • Основно познавање на маркетинг на социјални медиуми (Facebook, Twitter, Instagram LinkedIn);
  • Пожелно е кандидатите да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа.

Сите заинтересирани кандидати може да испратат апликација со Професионална биографија на [email protected] со назнака за “Практикант” најдоцна до 31-ви март 2019.

CEED Македонија е дел од меѓународната мрежа на претприемачки центри, со канцеларии во САД, Словенија, Бугарија, Романија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко и Бангладеш. CEED ги поврзува претприемачите креирајќи бизнис можности за нив преку деловно вмрежување и ги инспирира да станат лидери кои ќе придонесат за претприемачкиот екосистем и пошироката заедница.