Фото: Facebook
Познатиот американски кошаркар, Шекил О’Нил е дел од одборот на директор на синџирот пицерии во САД, Papa John’s, пишува Fortune.
Планирано е О’Нил да инвестира во девет ресторани во Атланта, а доаѓа во компанијата за да го врати нејзиниот углед. Нејзиниот основач, Џон Шнатер, во една прилика дал расистичка изјава, поради што беше нарушена репутацијата на Papa John’s. Поранешната НБА ѕвезда, исто така, склучи и договор за маркетинг со компанијата, за да ја подобри позицијата на пазарот.
Според договореното, Papa John’s ќе има удел од 70% во заедничката инвестиција во Атланта, додека О’Нил го задржува остатокот. Се очекува тој да инвестира меѓу 840.000 и 2,8 милиони долари во рестораните на Papa John’s.