Панасоник ќе го докапитализира Горење?

44

Управата на словенечката компанија Горење планира зголемување на основниот капитал од 25%, а за докапитализација го најде јапонскиот гигант Панасоник.

“Можеме да ви потврдиме дека управата на Горење интензивно е посветена на спроведување разни мерки со кои се спроведува стратешкиот план за периодот 2012 – 2015 година и одговараат на барањата на деловните околности.”

Од компанијата не одговараат дали докапитализацијата е потполно исклучена. Најавуваат организациски мерки со кои би го подобриле работењето. Меѓу нив се оптимизација на производните локации, преселба од Шведска во Словенија, од Финска во Чешка и од Словенија во Србија, продажба на деловно непотребни средства, пред се недвижнини, со што во првата половина од годинава го намалија долгот за 22 милиони евра. Потоа планираат подобро управување со залихите и побарувачките, управување со трошоците, јакнење на продажбата на европските и неевропските пазари, како што се Блискиот и Далечниот исток, инвестирање во развој на нови производи и технолошка оптимизација на производството.