Студенти по дизајн од Кралскиот колеџ за уметности во Лондон создадоа колекција на украсни и практични садови од преработен индустриски отпад, пишува Stylus.
Проектот e наречен Red mud, а за потребите на процесот беа искористени токсичните нуспроизводи од алуминиум, остатоците од рудата боксит.
Идејата на дизајнерите беше да се намали овој вид на опасен отпад, притоа создавајќи нешто корисно.
Со нив заедно работеше и тим од колеџот Imperial, искусни керамичари, а разултатот беше интересни вазни и останати садови со различна големина, форма и боја. Боите се добиени со топење на отпадот при различни температури.
Фото: RED