Пет компании за нафта и гас обвинети за лобирање против политиките за климатските промени

45

Секоја година петте најголеми светски компании за нафта и гас (BP, Shell, ExxonMobil, Chevron и Total), што се во државна сопственост, трошат околу 200 милиони долари за лобирање наменети за контрола, одложување или блокирање на климатски мотивираните политики.

Тоа создава проблеми во имплементирање на политиките во пресрет на Парискиот договор коишто се од големо значење за климатските промени.

Овие тврдења доаѓаат по објавениот извештај на непрофитната британска организација InfluenceMap, пишува Forbes.

Според извештајот, британската BP има највисоки годишни расходи за климатското лобирање од 53 милиони долари, по што следи Shell со 49 милиони долари и ExxonMobil со 41 милион долари, додека Chevron и Total трошат по 29 милиони долари годишно за оваа цел.

InfluenceMap вели дека најчестите тактики што се употребуваат е привлекување на вниманието кон ниско ниво на јаглерод, позиционирање на компанијата како климатски експерт и загриженост за климатските промени, истовремено игнорирајќи ги решенијата.

Фото: Pixabay