Daimler и Geely ќе произведуваат електрична верзија на Smart

68

Фото: Pixabay

Германски Daimler ги здружи силите со кинескиот автомобилски производител Geely за да го трансформираат брендот Smart во електричен автомобил, чиј фокус ќе биде кинескиот пазар, пишува CNN.

“Нашиот најмал автомобил сè уште има огромен потенцијал и во Кина, но и пошироко. Geely е вистински партнер за да се искористат овие можности“, вели Дитер Цече, главен извршен директор на Daimler.

Според договорот, следната генерација на Smart автомобили ќе се произведува во Кина од 2022 година. Дотогаш, Daimler го продолжува производството на Smart автомобилите во фабриките во Франција и Словенија.

Mercedes – Benz, што е во сопственост на Daimler, го претстави моделот Smart пред две децении. Во 2018 година се продадени само 130.000 Smart автомобили ширум светот.