Британска компанија плаќа 66.000 долари за патување низ светот и дегустација на храна

52

Фото: Facebook

Британската компанија Vibrant Vegan бара лице кое за 66.000 долари ќе патува по светот и ќе дегустира храна, пишува Independent.

Director of taste или шеф на вкусови, ќе има задача да тестира најразлична храна, заснована на растителни производи, во повеќе земји во светот: Индија, Кина, Турција, Чиле, Мексико и Јапонија.

За време на патувањето, што може да трае четири месеци, ќе бидат покриени сите трошоци за сместување и храна. Годишната плата ќе изнесува 50.000 фунти или 66.000 долари, здравствено осигурување и 28 дена одмор.

Оној кој ќе биде избран за ова работно место, мора да има најмалку три години искуство во прехранбената индустрија.

Инаку, Vibrant Vegan е социјално претпријатие и нуди услуги поврзани со храна од растителни производи, а има тесна соработка со хуманитарната организација War Child, што има за цел справување со гладот ај децата во воените зони ширум светот.