Основачот на Twitter минатата година “зел плата“ од 1,40 долари

62

Џек Дорси, еден од основачите и извршен директор на Twitter, минатата година земал плата во висина од 1,40 долари, пишува CNET.

Ова е прв пат на Дорси да му биде исплатена плата од 2015 година кога се врати на позицијата извршен директор на социјалната мрежа.

Тој не сакаше никакви компензации и бенефиции претходните три години, а оваа симболична сума се совпаѓа со бројот на карактери што беа дозволени на Twitter, кога американскиот програмер повторно ја презеде контролата над компанијата.

Ова не е прв пат извршен директор во технолошкиот сектор да земе симболична сума на плата. Стив Џобс од Apple, Ерик Шмидт и Сергеј Брин од Google се само неколку на листата што се откажале платата на сопствените компании.

Фото: Facebook