Фото: Facebook
Шведскиот текстилен бренд, H&M, започнува со тест продажба на половна или таканаречена second hand и vintage облека, за да ја зголеми одржливоста во целата индустрија, пишува Business of fashion.
“Тоа е растечки дел од индустријата, нуди одлични можности за купувачите и има многу мало влијание на околината, а може и драстично да влијаеме на продолжување на животниот век на производите“, вели Ана Геда, од одделот за одржливост во групацијата H&M.
На овој проект ќе работи шведскиот старт – ап Sellpy, во којшто H&M инвестираше.