Тојота е највредна компанија во Азија

81

toyota-logoТојота го престигна јужнокорејскиот Самсунг и сега е најголема азиска компанија по пазарна вредност, откако вредноста на акциите на овој јапонски произведувач на автомобили двојно пораснаа минатата година.

Вкупната пазарна вредност на Тојота изнесува 167 милијарди евра, надминувајќи го гигантот – производител на Galaxy и на таблети, чија вредност е 154 милијарди евра.

Акциите на Тојота пораснаа поради добрата продажба на моделите Corolla и Camry, а годишниот нето профит е зголемен за три пати.