Нова понуда од One – бесплатни минути кон сите мрежи и бесплатен 3G интернет

41

6d76a7148c98c44b86f298a156dd1d26Повеќе бесплатни минути кон сите мрежи и бесплатен 3G интернет со новата промоција во мобилен пост-пејд од Оne.

“Од 16 мај, сите нови резидентни и бизнис корисници, но и оние кои ќе направат обнова на својот договор на некој од тарифните модели во Mobile TOTAL портфолиото на Оne, односно на Mobile TOTAL S, S+, M, L, XL или XXL имаат единствена можност да ги искористат придобивките на промотивната понуда”, информираат од телекомуникацскиот оператор.

Корисниците кои ќе потпишат договор за мобилна линија на 24 месеци, Оne им дава можност, покрај оваа промоција Бесплатни минути кон сите мрежи и бесплатен 3G интернет , да ја искористат и актуелната промоција Tри месеци без претплата.

Со промоцијата Бесплатни минути кон сите мрежи и бесплатен 3G интернет корисниците на Mobile TOTAL портфолиото, можат да одберат и некој од телефоните во специјалната понуда за 0 денари.

Промотивната понуда важи ограничен временски период.