Empathy Suite – најскапиот хотелски апартман во светот

54

Empathy Suite, името на најскапиот апартман во светот, се наоѓа во ресортот Palms Casino во Лас Вегас. Зад дизајнот стои британскиот уметник Демијан Хирст и опремен е со негови бројни уметнички дела и мебел.

Цената за престојување во апартманот е 100.000 долари за ноќ, а гостите мораат да отседнат барем две вечери, пишува Forbes.

Апартманот се протега на два ката, а пакетот вклучува џакузи со поглед на градот, 24-часовна батлер услуга и автомобил со шофер, вип пристап до дневни и ноќни клубови и 10.000 долари бонус на кредитната картичка од корисникот. Во внатрешноста на Empathy Suite има бар со место за 13 луѓе, сала за вежбање, солена соба за релаксација, две соби за забава со капацитет од 50 гости. 

Сепак, она што е највпечатливо е аквариумот со две ајкули во формалдехид.

Фото: Palms