Јазот меѓу богатите и сиромашните би можел да стане уште поголем доколку задолжените влади продолжат да ги кратат социјалните издатоци, предупреди Организацијата за европска соработка и развој (OECD).
Исклучувајќи ги социјалните трансфери и даноци, разликите во платите до крајот на 2010 година пораснале повеќе отколку во претходните 12 години, стои во извештајот на организацијата.
Се наведува дека најбогатите 10% од 33 земји на OECD, во 2010 година во џебот ставиле 9,5 пати повеќе приходи за разлика од 10% најсиромашни, што е повеќе од девет пати отколку во 2007 година.
Јазот меѓу богатите и сиромашните е најголем во САД, Турција, Мексико и Чиле, а Ирска, Словенија, Норвешка и Данска се најизедначени општества.
OECD за мерило на сиромаштијата ја зема просечната плата во секоја земја.