Twitter ја купи апликацијата за споделување на цитати со цел да ја направи платформата поатрактивна за споделување и хостирање на содржини, пишува The Drum.
Социјалниот медиум примарно ја купува апликацијата поради нејзиниот тим и планира да ја искористи технологијата за споделување и експертизата со цел да инкорпорира повеќе цитати и мисли од познати извори.
Целосната миграција на услугите Highly ќе ја направи на 26-ти април, односно ќе ги затвори своите апликации на iOS и Slack. Тимот го уверува своите корисници дека сите постоечки “извадоци“ ќе бидат зачувани.
Од Twitter се надеваат дека со ова социјалната мрежа ќе стане “поразговорна“.
Highly им помага на корисниците да го означат само она што сакаат од текстовите и истото да го споделат. Со тоа се заштедува време и не мора да се чита, односно пребарува целиот текст.
Наместо со линкови, споделувањето се прави директно со цитати, односно извадоци, што го прави целиот просец поличен. Со допир на прстот, текстот се претвора во фотографија или линк.
Фото: Highly