T-Mobile со бесплатна банкарска апликација

48

Телекомуникациската компанија T-Mobile ја претстави својата услуга T-Mobile Money со којашто корисниците можат да отворат сметка и истата да ја раководат од својот смартфон. Услугата вклучува и 24-часовна телефонска поддршка седум дена во неделата.

Со помош на T-Mobile Money клиентите ќе можат да пронајдат еден од 55.000 банкомати во светот и да извадат пари доколку им треба, пишува Tmo News.

Апликацијата, исто така, доаѓа со Got Your Back, заштита во случај на пречекорување на износ, којашто е достапна за постпејд корисниците. Таа дозволува се оди 50 долари во минус без казна, доколку корисникот ја доведе својата сметка во позитивен биланс за 30 дена.

Со T-Mobile Money нема месечни надоместоци или минимуми за биланс на сметката. Корисникот може да ја користи апликацијата за мобилни депозити, праќање на чек, префрлање на пари, плаќање со мобилен паричник како Apple Pay, Google Pay, или Samsung Pay и друго. Апликацијата исто така праќа и предупредувања за сметката и можност да се блокира дебитната картичка.

T-Mobile Money може да се користи со Mastercard дебитна картичка во случај на корисникот да му треба физички начин на плаќање.

За потребите на услугата компанијата склучи партнерство со BankMobile.

Фото: T-Mobile