10 чекори за успешен извоз

188

Фото: Pixabay

Одлучете каде ќе извезувате

Доколку вашата фирма е успешна на домашниот пазар, треба да направите анализа како да ги адаптирате вашите конкурентски предности и на странскиот пазар. Истражувањата се важни. Исклучително важно е да направите истражување што ќе ви помогне да изберете пазар којшто ќе придонесе за максимизирање на придобивките и минимизирање на ризиците. Истражувањата ќе ви помогнат да одлучите не само на кои пазари да влезете, туку и на кој начин да влезете. Она на што треба да внимавате при влегување на нов пазар е:

  • индустриската структура
  • населението и нивните примања
  • политичката клима
  • побарувачката за вашиот производ или услуга
  • конкуренцијата и како планирате да се прилагодите вие на тој пазар
  • какви модификации  треба да ги направите на вашиот производ или услуга  да биде привлечни на тој пазар

Како да направите истражување на пазарите ?

Online пребарување на статистички податоци, разни публикации, стопански комори, здруженија и слично е добар и бесплатен начин со којшто може да приберете голем број на информации кои ќе ви користат, но во овој случај треба да земете предвид дека не сите информации се ажурирани и точни во моментот на пребарување.

Друг начин е директна посета на пазарот во земјата која сте ја таргетирале каде што ќе имате можност директно или преку посредници да комуницирате со потенцијалните потрошувачи.

Или да ангажирате консултантски куќи специјализирани за маркетинг и продажба, чии претставници присуствуваат на семинари, работилници или меѓународни саеми, се консултираат со искусни извозници или пак ги користат услугите на стопанските комори, здруженија, асоцијации и слични институции.

Изработете план за извоз

Откако го комплетиравте истражувањето на пазарот, треба да направите добар план за извоз во којшто точно ќе дефинирате како вие ќе влезете на новиот пазар. За да изработите добар план треба да одговорите на следниве прашања:

  • Што сакате да постигнете со извозот?
  • Дали имате маркетинг стратегија која го вклучува развојот на меѓународната трговија?
  • Дали извозот е во согласност деловната политика на вашата фирма?
  • Кои производи се интересни за странскиот пазар?
  • Кои ви се главни конкуренти домашни и странски?
  • Кој е вашиот бизнис модел за влегување на пазарот (агент, дистрибутер, B2B, канцеларија за продажба, joint venture или подружница)?
  • Како се одредува извозна цена на производот и услугата?
  • Кој од вашиот тим има искуство со извозни процедури и кој има познавање на странски јазици?
  • Кој ќе биде одговорен за организација на секторот за извоз и кој ќе ги прати извозните активности?
  • Дали имате доволен производствен капацитет да ги задоволите барањата на новиот пазар?
  • Кои модификации се потребни да се направат за да се адаптира производот на странскиот пазар?
  • Начин на финансирање?
  • Дали очекуваните добивки се доволни за ангажманот и трошоците ?
  • Дали потенцијалот на компанијата би бил подобро искористен доколку се развие нов производ или услуга на домашниот пазар?

Посетете го вашиот потенцијален нов пазар. Покажете ги вашите производи на трговски саеми и изградете нови контакти и ќе добиете одговор на овие прашања.

Изберете го патот до пазарот

Можете да изберете една од следниве опции:

  • Директен извоз – продавајте директно
  • Користете дистрибутер
  • Користете агент за продажба
  • Формирајте joint vеnture

Без разлика која опција ќе ја изберете, мора да се осигурате дали условите за испорака и плаќање се јасно дефинирани и секогаш запомнете да ја заштитите вашата интелектуална сопственост.

Пронајди ги можностите за свое присуство на странскиот пазар

Трговските саеми, разни изложби, посети и сл. се еден од најдобрите начини да се најдат можности во странство. Запознајте ги купувачите и генерирајте нов бизнис. Проверете дали има расположливите грантови за субвенционирање на трошоците за изложување или проверете дали можете да ги споделите трошоците за штанд со друг учесник.

Почни да се рекламираш

Рекламите може да ви помогнат голем број на купувачи да постанат свесни за вашето постоење, но исто така можат да бидат скапи. Друга опција е да создадете веб страница со содржина преведена според вашиот целен пазар. Глобалните веб сајтови на социјалните медиуми како Linkedin, Facebook и Twitter, исто така, може да ви помогнат да ја промовирате вашата порака брзо и бесплатно. Иако овие начини на рекламирање се бесплатни, треба да се инвестира време за да се ажурираат. Што и да користите, бидете сигурни дека сите ваши маркетинг материјали имаат ажурирани податоци за контакт за вашата компанија, заедно со лицето одговорно за продажба и извоз.

Информирај се за потребната документација за извоз од специјализирана компанија – царински посредник

Да се организира целокупниот извоз во никој случај не е едноставен потфат. Воспоставување на добри релации со вашиот царински посредник е клучен фактор за извршувањето на извозот. Во зависност од природата на стоката постојат документи кои треба да се соберат и правилно и точно да се пополнат. Исто така, меѓународната трговија е регулирана со цела низа прописи.

Царинските посредници (повеќе познати кај нас како шпедиции или царински брокери) како експерти од оваа област ги следат правилата и регулативите во меѓународната трговија кои постојано се менуваат ги  искористуваат царинските олеснувања кои се актуелни во моментот на царинење на вашата пратка и прават навремена проверка дали вашите производи се во согласност со царинските и нецаринските регулативи специфични за вашите производи. Како клиент, вие му давате на вашиот царински посредник овластување да дејствува во ваше име.

Осигурајте се дека сте го избрале правилниот начин за плаќање и испорака на вашата нарачка

Во договорот за извоз или извозната фактура важно е да се определат условите за испорака според меѓународно признати услови. Инкотермс 2010 (INCO термини, меѓународни трговски услови) претставуваат меѓународно прифатени комерцијални услови кои ја дефинираат улогата на продавачот и купувачот во организацијата на транспортните и другите одговорности и појаснува кога има промена во поседувањето на стоки. Овие термини и кратенки се користат во врска со договори за продажба и други методи на продажба. Главната предност на користење на Incoterms е фактот дека условите за продажба се решително објаснети така што тие не предизвикуваат недоразбирања во толкувањето помеѓу купувачот и продавачот.

Правилата Incoterms® станаа суштински дел од секојдневниот јазик на трговијата. Тие се инкорпорирани во договорите за продажба на стоки ширум светот и обезбедуваат правила и упатства за увозниците, извозниците, правниците, транспортерите, осигурителите и студентите од меѓународната трговија.

Правни регулативи

Разбирањето на правната и регулаторната средина во сите земји во кои би сакале да извезувате е од витално значење. Работи на кои што треба да внимавате:

  • Извозни прописи и ограничувања
  • Увозни прописи на странски влади
  • Содржината на меѓународните договори
  • Исполнување на меѓународните стандарди
  • Меѓународното право и арбитражата
  • Заштита на интелектуалната сопственост

Пред да се одлучите да извезувате мора да проверите во надлежните институции дали е дозволен извозот на вашата роба и дали таа подлежи на некакви други ограничувања.

Транспорт и логистика

Кога веќе ја направивте продажбата и ги договоривте сите услови за продажба, треба да изберете успешна транспортна и логистичка компанија која ќе ги однесете производите до купувачот. Од изборот на правилна  транспортната компанија во голема мерка ќе ви зависи цената на вашиот производ како и сигурната достава на истиот.

Честитки

Честитки сте станале успешен извозник. Но работата не застанува тука. Сега кога успешно извезувате на еден пазар, користете сè што сте научиле и применете го на друг нов пазар. Истражете ги соседните земји или оние со слични карактеристики. Веќе имате многу добро познавање за тоа што е потребно за да бидете успешни, затоа многу побрзо и полесно ќе може да продолжите со проширувањето и растот.

Топ совети:

  • Одржувајте редовен контакт со вашите клиенти и добијте повратни информации за да ја подобрите понудата.
  • Доставувајте на време и не ги оставајте луѓето да чекаат. Ако не можете да го избегнете одложувањето, осигурајте се дека навремено сте ги информирале вашите клиенти за доцнењето и постојано информирајте ги што преземате за да се намали доцнењето.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ :

ЦАРИНСКА УПРАВА НА РСМwww.customs.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ И ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТwww.investinmacedonia.com
СТОПАНСКА КОМОРА НА РМwww.mchamber.org.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО НА РСМwww.apprm.gov.mk
ПРОЕКТ ЗА РАЗВОЈ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТwww.ideas.org.mk
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА НА РСМwww.economy.gov.mk
СВЕТСКА ЦАРИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈАwww.wcoomd.org
СВЕТСКА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈАwww.wto.org
МЕЃУНАРОДНА СТОПАНСКА КОМОРАwww.iccwbo.org