Microsoft ја претстави новата интерактивна дигитална табла Surface Hub 2S, којашто има повеќе функции.
Уредот првенствено е наменет за конференциски сали, простории од отворен тип, а со негова помош може да се следи презентација, да се гледаат документи, да се прават групни видео повици и слично.
Surface Hub 2S има 50-инчен екран, но понатаму се очекува Microsoft да претстави и поголема верзија од 85 инчи, пишува New Atlas.
Таблата доаѓа со осма генерација Core i5 процесор од Intel, осум GB RAM меморија и 128 GB SSD веб простор.
Surface Hub 2S вклучува и осум интегрирани микрофони, двојни звучници и сабвуфер, а може да се постави на подлога со тркала за движење и да се постави статично на ѕид.
Фото: Мicrosoft