Google автоматски ќе брише лични податоци за поголема онлајн безбедност

47

Со цел да им обезбеди поголема приватност на своите корисници Google претстави нова алатка со којашто автоматски ќе се бришат податоци.

Историја на локации каде што се престојувало, како и историја на пребарувани веб страни, апликации и слично ќе “исчезнат“ по три или 18 месеци, односно како што ќе одбере корисникот.
Алатката ќе биде достапна за неколку недели и како што велат од  Google ќе им заштеди и време на корисниците кои досега ги бришеа овие податоци “рачно“. Овој потег следи по се поголемата загриженост за онлајн приватноста, а и останатите технолошки компании се приклучуваат кон иницијативата за онлајн безбедност.