Кои се најпопуларните дестинации на милионерите?

31

Минатата година околу 108.000 милионери патувале во други земји, што претставува зголемување на бројката од 2017 година, кога тоа го направиле 95.000.

Најпопуларна дестинација на оние со длабок џеб е Австралија, додека најмногу милионери се иселуваат од Кина, Русија и Велика Британија, пишува Business Insider.

Листата на најпопуларни пет дестинации за минатата година изгледа вака

Обединети Арапски Емирати – 2.000 милионери

Оваа земја е привлечна за милионерите како луксузна дестинација, но и поради безбедноста и поволната бизнис клима.

Карипските острови – 2.000 милионери

Карибите исто така спаѓаат во една од најпопуларните дестинации на милионерите поради многуте даночни олеснувања и тоа што може да се купи државјанство во многу карипски земји.

Швајцарија – 3.000 милионери

Швајцарија е позната по својот банкарски систем и ниските такси за странските корпорации што ја прави привлечна за богатите.

Канада – 4.000 милионери

Оваа земја нуди бројни програми за богатите странци преку коишто тие можат да добијат државјанство доколку финансираат во неа.

САД – 10.000 милионери

Соединетите Американски Држави важи за една од најпосакуваните дестинации на милионерите поради развиените бизниси од областа на технологијата, финансии, медиуми и друго.

 Австралија – 12.000 милионери

На врвот на листата напопуларни дестинации за ултра богатите се наоѓа Австралија најмногу поради ниската стапка на криминал, растечката економија, топлата клима и тоа што нема данок на наследство.

Фото: Pexels