За 70% понизок роаминг за земјите од западен Балкан

51

Фото: Pixabay

Граѓаните на Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово од први јули ќе плаќаат за 70% поевтини роаминг услуги.

“Она на што инсистираме за да се избегнат долгите постапки во преодниот период, додека операторите не ги спроведат потребните механизми, е да одредиме фиксни цени што би биле намалени од 70 до 80%“, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Сашо Димитриоски.

Се очекува со намалување на цените, значително да се зголеми сообраќајот во роаминг.

Крајна цел е до јули 2021 година, роаминг услугите да бидат целосно укинати и да се наплаќаат како во домашниот сообраќај, што е случај со земјите во Европа.