Словенија ќе го тужи Moody’s?

50

moodysСловенија размислува за можноста да поднесе тужба против бонитетната агенција Moody’s која драстично и го намали кредитниот рејтинг во екот на активностите на владата во издавање на државни обврзници, изјави премиерката Аленка Братушек во разговор за мариборски Вечер, пренесува Бизнис.хр.

“Размислуваме за правна акција против Moody’s и кон тоа сум лично наклонета. Неоправдано се вмешаа во постапката на издавање словенечки државни обврзници, а такво нешто не би смеела да прави ниту една кредитна агенција”, рече Братушек.

Moody’s на 1 мај и го намали кредитниот рејтинг на Словенија од Ба1 на Баа2, сигнализирајќи им на потенцијалните инвеститори дека словенечкиот државен долг стигнал до категоријата “ѓубре”, поради проблемите во словенечкиот банкарски сектор и зголемената веројатност дека на Словенија ќе и треба меѓународна финансиска помош, што Братушек остро го негира.

Пред да превземат правни акции, словенечкото министерство за финансии ќе бара објаснување од Moody’s.