Индиски YouTube канал достигна рекордни 100 милиони претплатници

54

Индискиот YouTube канал T-Series е првиот канал на платформата што стасал до бројката 100 милиони претплатници.

Тој го победи шесткратниот носител на титулата каналот PewDiePie зад кој што стои Феликс Кјелберг од Швајцарија, пишува Independent.

T-Series прикажува индиски музички видеа и филмски трејлери и има уште 25 дополнителни канали на платформата со секаква содржина од детски програми до комедии.

Индискиот канал конечно го симна од престолот PewDiePie во март благодарение на 13 милијарди прегледи во последните три месеци што е за три милијарди повеќе од тоа што Кјелберг успеа да направи во последните три години.

Фото: Facebook