Nuuly – компанија за изнајмување на облека

200

Американскиот бренд за облека, Urban Outfitters, којшто постои веќе 49 години, летово ќе отвори нова компанија наменета за изнајмување на облека.

Целта на Nuuly ќе биде да им излезе во пресрет првенствено на младите коишто често сакаат да ја менуваат својата облека.

По цена од 88 долари месечно претплатниците ќе можат да пристапат до облеката од портфолиото на Urban, 100 други брендови, како и уникатни винтиџ и дизајнерски парчиња.

Тоа значи дека ќе можат да земат шест парчиња месечно, за цена што е една десетина од вообичаената, а доколку сакаат ќе можат и да си купат нешто. Од Urban велат дека ќе започнат со 1.000 парчиња облека и ќе додадат 100 секоја недела до крајот на годинава.

Алиштата пред да бидат земени од нов сопственик темелно ќе се чистат во перална што компанијата ја има во Филаделфија.

Фото: Urban