Филипини: Секој ученик или студент задолжително ќе посади 10 стебла за да добие диплома

35

Фото: Pixabay

Основци, средношколци и студенти на Филипините ќе имаат обврска да засадат по 10 дрвца за да можат да го завршат своето образование, пренесува CNN Philippines.

“Со 12 милиони ученици што завршуваат основно училиште, околу пет милиони средношколци што матурираат и скоро 500.000 што дипломираат, оваа иницијатива е соодветна, доколку право се имплементира, а ќе обезбеди најмалку 175 милиони нови дрвја што ќе се садат секоја година или една генерација Филипнци ќе засадат околу 525 милијарди нови дрвја“, изјави конгресменот Гари Алејано.

Садниците ќе бидат одбрани врз основа на климата на Филипините, па најмногу ќе се садат автохтони видови. Дрвјата ќе бидат насадени во веќе постоечки шумски предели, во напуштени рударски кампови, градови…