NASA одбра три компании коишто ќе носат товар на Месечината

34

Три мали компании коишто изградија роботски лунарни пристаништа “добија работа“ од NASA. Станува збор за Intuitive Machines од Тексас, Astrobotic од Питсбург и групацијата Orbit Beyond коишто беа одбрани да испорачуваат научен и истражувачки товар на Месечината.

Приватните компании планирано е да ги извршуваат своите мисии во следните неколку години. Секоја од нив ќе добие одредена сума на пари, што е само дел од вкупните 2,6 милијарди подготвени од NASA за специјална програма на Месечината. Astrobotic за своите услуги ќе добие 79,5 милиони долари, Intuitive 77и Orbit Beyond добива 97 милиони долари.

Astrobotic и Intuitive ги планираат своите први мисии за 2021 година, додека Orbit Beyond очекува да слета на Месечината во септември 2020 година. NASA сака приватните компании да играат голема улога во остварување на нејзините лунарни мисии.

Astrobotic, Intuitive  OrbitBeyond ќе ги задржат своите права над технологијата и ќе можат да ги продаваат своите услуги на други компании.

Фото: NASA