Фабрика од Индија којашто произведува за брендот Adidas, го решава проблемот со отпадната пластика со тоа што ја претвора во удобни обувки, јавува BBC.
“Секој ден два милиони пластични шишиња се претвораат во “предиво“, односно материјал што може да се искористи не само за обувки туку и за производство на текстил за домаќинството, облека…“, велат од фабриката.
Adidas е една од компаниите што се залага за паметно искористување на овој вид на отпад, а со тоа и заштита на животната средина.
Во 2018 година компанијата изработи пет милиони пара патики од пластика, а до 2024 вети дека ќе користи само рециклирани материјали во производството.
Индија генерира 26.000 тони пластичен отпад дневно, а оваа фабрика дава свој значителен придонес не само во негово елминирање туку и во претворање во нешто повторно употребливо.
Фото:Pixabay