
Европската Унија влегува во зимската сезона на греење со најниски резерви на природен гас во складишта од 2013 година, што го зголемува ризикот од проблеми со снабдувањето во случај на постудено време или нови прекини во снабдувањето, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Во извештајот за безбедноста на снабдувањето со гас во светот за 2026 година, ИЕА наведува дека Европа ќе зависи повеќе од увозот на течен природен гас (ЛНГ) поради ниските резерви во складиштата во текот на зимата.
Регионот би можел да биде особено изложен ако зимата е постудена од очекуваното или има технички дефекти и други прекини во снабдувањето.












