Како да го “преживеете“ летото во канцеларија

Фото: Pexels

Истражувањата покажуваат дека продуктивноста кај вработените се намалува за 20% во текот на летните месеци, а 45% од нив имаат проблем да се сконцентрираат на работните задачи. Причини за тоа има многу, од преголема возбуда за планирање на летниот одмор, промени во тимот поради годишни одмори, до неподносливата жештина во канцеларијата.

Ако работата од вас бара да бидете “заковани“ за работното биро осум или повеќе часови, обидете се канцеларијата да ја направите попријатно место за работа. При рака секогаш имајте чаша вода за освежување или овошје, што ќе ви помогне да се разладите додека работите.

Внимавајте при изборот на гардеробата, бидејќи, освен што треба да внимавате за деловниот дрес – код, треба да ви биде удобно и пријатно. Изберете тенка облека со светли бои и од природни материјали што ќе спречат да се потите и да ви биде непријатно додека работите, а надвор живата на термометарот достигнува 40 степени.

Не ја изоставувајте паузата за појадок, кафе и освежување, бидејќи во лето демне опасноста од дехидрирање. Искористете го времето за пауза да излезете надвор, да го почувствувате сонцето, да го испиете кафето со колегите или сами. Така ќе ја добиете потребната енергија и ќе го наполните организмот со витамин Д.

Доколку работите во колектив со повеќе вработени, во текот на летото често се намалува, па тоа може да ви помогне да организирате некоја забава после работа. Тоа ќе ви помогне повеќе да се дружите со колегите и да поминувате повеќе време заедно. Изненадете ги колегите со вкусен сладолед, освежителни безалкохолни коктели… што можат да го донесат летото во канцеларијата, а без притоа да се наруши работната атмосфера.

Ако се намалува обемот на работа во текот на летните месеци, искористете го овој период за резимирање на сработеното и да направите планови за сезоната што претстои.