Ли Јакока, еден од највлијателните луѓе во автомобилската индустрија, почина од компликации од Паркинсонова болест на 94 години.
Лидо Ентони Јакока, којшто има италијанско потекло, е роден во 1924 година во Пенсилванија. По дипломирањето се вработува во Ford каде што за кратко време ги покажува своите способности како бизнисмен.
Во 1964 година го презема производството на моделот Mustang од каде и го добива доживотниот прекар, а шест години подоцна во 1970 станува претседател на Ford. По девет години Јакока склучува партнерство со Chrysler и станува извршен директор на компанијата. Додека е на таа позиција помага автомобилскиот гигант да избегне банкрот, барајќи помош од федералната влада, пишува People.
Таканаречниот Татко на Мустангот придонесе за спасување на компанијата Chrysler од банкрот во 80-тите години.
Освен бизнис легенда во автомобилската индустрија, тој беше и познат како филантроп. Во 1984 година ја основаше фондацијата Iacocca Family заедно со неговите ќерки Кетрин и Лиа.
Фото: Facebook