15 факти за 25-от роденден на Amazon

Фото: Pixabay

“Работи напорно, забавувај се, создај историја“, Џеф Безос

Првата книга што е продадена на Amazon го носи името Fluid concepts and creative analogies од Даг Хофстеид. Станува збор за комплексна научна книга што ги анализира механизмите на интелигенција преку компјутерско моделирање. Продажбата е реализирана на трети април 1995 година.

Меѓу првите инвеститори на Amazon беа родителите на Безос. Тие одвоија околу 300.000 долари од пензиската заштеда за да инвестираат во амбициите на нивниот син.

Додека Безос работеше во неговата гаража, серверите на компјутерот трошеле толку многу струја, што тој и неговата сопруга биле преплашени кога требало да пуштат било каков електричен уред во домот.

Во првите неколку месеци од основањето, Amazon продаваше книги во сите американски држави и во 45 земји во светот.

Првично, сајтот за електронска трговија на Безос го носела името Cadabra, кратенка од магионичарскиот израз Abracadabra.

Најскапата книга што се нашла на Amazon има вредност од 23 милиони долари. Оваа необична цена била автоматски поставена преку алгоритам, а потоа била коригирана на 106,23 долари.

Безос е познат по директната и помалку сурова комуникација со вработените. Меѓу фразите што ги употребувал се: “Дали си мрзелив или само некомпетентен? Зошто ми го трошиш животот?“.

Во 2012 година, Amazon ја презеде компанијата Kiva Systems, што се занимава со развој на роботска технлогија.

Копчето One Click на Amazon, што на потрошувачите им овозможува да купат предмети со само еден клик со глувчето, е патент и трговска марка на самата компанија.

Вработените сведочат за огромниот метеж за време на божикните празници. Вистинска бркотница се случувала во магацинот на Amazon, па некои од вработените викале роднини или пријатели на помош.

Во 2006 година, повремено вработен во Аmazon, го користел магацинот како негов дом. Без никој да знае, тој направил импровизиран тунел во којшто преспивал откако ќе му завршела смената.

На дневна основа, Amazon користи 1,6 милиони картонски пакувања, што ако се спојат ќе зафатат површина колку Шри Ланка.

Насмеаното лого на Amazon, покажува дека компанијата има сè од A до Z или како што се вели кај нас од А до Ш.

Едно од најбизарните работи што се нашле на продажба на Amazon е перница со додадена “рака“ што го прегрнува оној што спие. Перницата е “облечена“ во машка сина кошула, па потсетува на машка прегратка.

Во август 2013 година, Amazon “падна“ на 40 минути. Тоа ја чинеше компанијата 4,8 милиони долари или 120.000 долари во минута.