Што е Business Intelligence?

321

Фото: Pixabay

Буквалниот превод на Business Intelligence (BI) во бизнис интелигенција не кореспондира со суштината на овој поим.

Станува збор за систем што нуди поддршка при носење деловни одлуки. BI претставува аналитички процес којшто сировите податоци ги трансформира во релевантни, прецизни и информации од витална важност при градење на одредена стратегија. Дел од алатките на BI овозможува автоматизирање на одредени процеси во работењето што помагаат брзо и едноставно да се носат важни корпоративни одлуки.

Некои компании можеби и не се свесни дека користат дел од процесите на BI на било кој начин. Доколку ги користите податоците за посетеност на Google Analytics, во тој случај ги добивате придобивките од BI. Ист е случајот и со excel документ што покажува како се движи продажбата на компанијата во точно утврден временски период. И тоа е дел од Business Intelligence. Подготвувате power point презентација, на којашто прикажувате различни податоци за остварена продажба, производство, освојување нови пазари… и тоа е дел од BI.

Business Intelligence го унапредува традиционалниот начин на собирање и обработка на информации преку интерактивност (кога во текот на анализата наидување на нови прашања) и мултидимензионалност (собирањето на податоци го анализираме низ различни погледи со креирање и користење на повеќе модели).