Старт – ап од САД, наречен PodShare, изнајмува простор за заедничко живеење во Сан Франциско и Лос Анџелес по цена од 1.200 долари месечно. За таа сума корисниците добиваат кревет, шкафче, пристап до интернет, телевизор и шанса да се запознаат со останатите кои ќе бидат сместени таму.
Обезбеден е и појадок од типот на житарки и тестенини, како и основни средства за хигиена, тоaлетна хартија, паста за заби и слично. Сепак, “под-станарите“ не добиваат приватност и не смеат да носат гости, пишува Guardian.
Според основачот на PodShare, 34- годишната Елвина Бек најчесто, за ваков тип на сместување, се заинтересирани млади луѓе кои не можат да си дозволат скапи кирии во станови и не им пречи да делат простор со странци.
Таа го основала стартапот во 2012 година за да реши одредени станбени проблеми со коишто се соочувале луѓето, а денес има вкупно 220 кревети коишто се распоредени на шест локации во Сан Франциско и Лос Анџелес.
Фото: PodShare