Повеќе од 200 студенти од различни факултети од Белград речиси една деценија креираат формули со модерен изглед. Студентите се дел од тимот Drumska strela, којшто секоја година прави нов болид, а годинава го креираа осмото по ред тркачко возило, пипува Е-капија.
Новата формулата достигнува брзина од 140 километри на час, речиси како Ferrari, а зад проектот годинава стои тим од 45 студенти од девет белградски факултети: Машински факултет, ЕТФ, Технолошко-металуршки факултет, Економски, Правен, Архитектонски, ФОН и Воената академија.
“Концептот на натпреварувањето не се базира само на брзината, туку и на забрзувањето“, вели Марија Дракулиќ членка на тимот. Она што е импресивно кај оваа формула е тоа дека од нула до 100 километри на час постигнува за помалку од четири секунди.
Студентите на проектот во најголем дел работат сами во работилницата на Машинскиот факултет. Некои од материјалите за делови ги нарачуваат од Србија и ги испраќаат во одредени компании коишто им помагаат.
Формулата на седми јули ќе оди на инженерски натпревар во Холандија, а на 17 јули во Унгарија.
Фото: Drumska strela