Како економично да го користите клима уредот?

Фото: Pixabay

Високите температури го прават неподносливо седењето на отворен, но и во затворен простор. Особено е важно разладувањето во простории каде што има поголема циркулација на луѓе, како што се канцеларии, трговски центри, банки, институции… Исто така, важно е да се одржува пријатна температурата и во домот во текот на жешките денови.

Подолу неколку совети како да го користите клима уредот, без да се плашите дека сметката за струја ќе биде екстремно висока.

Контролирана и умерена температура – добро е да се знае дека било кој клима уред без некој поголем напор и потрошувачка на струја, лесно ќе ја одржува температурата на 25 степени. Доколку од климата побарате многу пониска температура, тоа ќе значи дополнително оптоварување за уредот, но и за електричната енергија.

Доколку немате потреба, не ги разладувајте сите простории, туку само онаа во која најмногу престојувате. На тој начин, ќе ја постигнете посакуваната температура за многу пократко време.

Во најтоплиот дел од денот, заштитете ја просторијата од премногу надворешна светлина. Спуштете ролетни или користете завеси за да не дозволите продор на топол воздух во просторијата.