Неавторизиран влез на странци поради грешка во детска чет – апликација на Facebook

69

Messenger Kids, апликација за размена на пораки на Facebook за деца под 13 години, поради грешка дозволи на неавторизирани трети лица да се приклучат во комуникацијата.

Апликацијата којашто функционира од 2017 година, важеше за безбедна од причина што родителите на децата ги одобруваа поединците за комуникацијата.

Првично, апликацијата беше наменета само за деца, но поради грешка во дизајнот, можеа да се приклучат и возрасни странци во групните разговори, пишува BBC. Така постоеше опасност некое дете да стапи во комуникација со возрасен кој не бил одобрен од неговите родители.

Од компанијата ја признаа грешката, но изјавија дека веднаш по дојавата ги блокирале тие разговори каде што се приклучило неавторизирано трето лице. Освен тоа, на родителите им биле дадени дополнителни упатства за правилно користење на Messenger Kids.

“Досега не е пријавено несоодветно однесување или било каков проблем“, велат од Facebook.

Фото: Messenger Kids