Невообичаени интервју – тактики што откриваат многу за кандидатите

81

Не е лесно да се одбере вистинскиот кандидат за работата од само едно (две) интервјуа. Прилично е тешко да се направи добра проценка на карактерот, способностите и вештините од само неколкучасовни средби.

Токму затоа некои специјалисти применуваат различни техники и невообичаени прашања за што подобро да го запознаат кандидатот.

“Брутална“ искреност

За да се испроба колку кандидатот е спремен да работи за компанијата, добро е да се биде максимално искрен за сè што може да го очекува како дел од тимот. Премногу работа, прекувремено останување, притисок… Доколку кандидатот вистински сака да се посвети на работната позиција ништо нема да може да го поколеба, а претпоставениот со оваа тактика ќе ја дознае неговата спремност на тешки ситуации.

Видео претставување

Некои компании практикуваат и видео снимка од кандидатите, на којашто тие треба кажат зошто би биле добри за работната позиција. За ова им е дозволено само една минута, со што може да се види како кандидатот за кратко време може да испорача релеватни информации и задачи.

Прашања за детството

Дознавање информации во врска со тоа какви биле кандидатите во детството и како тинејџери може да помогне во формирањето на подобра слика за нивната личност. Ако зборуваат во насока дека можело да биде подобро и ставаат акцент на неефикасноста и потребата за повеќе, значи дека се луѓе со амбиција кои се стремат кон високи позиции.

Отвореност

Отвореноста и подготвеноста да се зборува за некој важен момент од животот е исто така една од тактиките за да се проникне во суштината на кандидатот. Така може да се испита што вистински им е битно и како тоа може да влијае понатаму доколку тој/таа стане дел од компанијата.

Доза на инспирација

Добро е да се испита и инспирацијата кај кандидатите, односно од каде истата ја добиваат. Тоа може да се постигне преку одредена мелодија, слика, уметничко дело и слично. Кандидатот одбира што најмногу му се допаѓа, а потоа треба да објасни зошто. Самиот начин на објаснување покажува дали и колку кандидатот ќе умее да се поврзе со работната позиција и организацијата.

Фото: Pixabay