Што е IoT (Internet of Things)?

672

Internet of Things, или скратено IoT, се однесува на милијарди физички уреди во светот коишто се поврзани со интернет и коишто собираат и споделуваат информации.

Благодарение на евтините процесори и безжични мрежи, денес е возможно сè да претворите во дел од IoT- од апче до авион. Тоа дава ниво на дигитална интелигенција на уредите и предметите, односно им овозможува да пренесуваат информации во реално време без да биде инволвиран човек во процесот.

Било кој физички предмет може да биде транформиран во IoT уред доколку има можност да се поврзе на интернет и да се контролира на тој начин. Сијалица што може да се вклучи преку смартфон е IoT уред. Тоа може да биде и сензор на движење, паметен термостат во канцеларијата или поврзани светилки на улица.

Терминот IoT најмногу се користи за уреди што обично не се очекува да бидат поврзани со интернет и да “комуницираат“ меѓу себе без инволвираност на човек.

Во бизнисот оваа технологија, исто така, може многу да придонесе. Клучниот момент е можноста компаниите да добијат пристап до повеќе податоци за своите производи и за своите внатрешни системи. Согласно тоа, бизнисите ќе можат подобро да ги регулираат промените и со тоа да придонесат за поефикасно функционирање на компанијата.

Фото: Pixabay