Холандската компанија за испорака на храна, Takeaway.com ќе се спои со британската Just Eat, со што ќе се создаде нова компанија наречена Just Eat Takeaway.com.
Акционерите на Just Eat ќе поседуваат 52% од новиот бизнис, додека тие од Takeaway.com ќе имаат 48% удел во компанијата, којашто се очекува да биде лидер на пазарот во Британија, Германија, Холандија и Канада.
Бизнисот ќе биде со седиште во Амстердам, но поголемите операции ќе се одвиваат во Велика Британија, пишува CNN. Спојувањето на Takeaway.com и Just Eat ќе ја креира една од најголемите платформи за онлајн испорака во светот, коишто лани заедно имаа 360 милиони нарачки.
Just Eat моментално има 26 милиони активни корисници во Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Данска, Франција, Ирска, Италија, Мексико, Норвешка, Шпанија,, Швајцарија и Бразил.
Фото: Facebook