Сакате вашиот настан да биде дел од многу прераскажувања и пофалби? Следете ги следниве совети.
Не штедете
Кога треба да организарате компаниски настан/средба не штедете. Просторот, храната, пијалакот, гостите говорници и слично треба да бидат одлични. Доколку не сте спремни да овозможите единствено искуство, не се обидувајте воопшто.
Забавна и едукативна содржина
Содржината што ќе ја понудите на настанот мора да биде информативна, едукативна, забавна и да вклучува “акција“. Гостите треба да научат нешто, да се забавуваат и да го прераскажуваат настанот уште долго време. Ако имате пријатели и соработници кои се длабоко почитувани во индустријата потрудете се тие да бидат дел од средбата.
Добро име
Не помалку важно е и името што ќе го одберете за настанот. Не одете со било што. Името треба да биде поврзано со содржината и идејата, но истовремено примамливо за ушите.
Време за вмрежување
Без разлика за каков настан станува збор, задолжително одвојте барем 30 минути за врмежување, односно запознавање на гостите. На тој начин луѓето имаат шанса да запознаат некој што одамна сакале да го сретнат, но и да го прошират својот круг на пријатели па и соработници.
Не бидете егоцентрични
Нека не биде сè само за вашата компанија. Секако дека треба да го промовирате вашиот бизнис и спонзорите, но направете го тоа посуптилно. Ако претерате гостите ќе помислат дека не ве интересира содржината на настанот и тука сте само за да се пофалите.
Документирајте и споделете
Денес и барем лесно да се сподели секаков вид на случување. Прикачете фотографии и видеа на социјалните мрежи, на страната на компанијата и секаде каде што може достојно да го промовирате, настанот пред да се случи, за време на случувањето и потоа. Внимавајте тоа да биде во умерена доза 🙂
Фото: Pexels