Како подобро да се снајдете во тешки разговори

144

Понекогаш во една компанија доаѓа време кога треба да се водат тешки разговори што можеби нема да бидат пријатни за инволвираните страни. Темата може да биде секаква, од личен перформанс, соработка, преземање одговорност, па сè до нечии (не)хигиенски навики.

Како треба да постапите во вакви моменти?

Разлика помеѓу факти и емоции

Не смеете да ги помешате емоциите со фактите без разлика за што се работи. Кога се разговара за сложени прашања изнесете ги сите релевантни податоци и точно објаснете што ве натерало на дискусијата и што треба да се преземе од страна на другата личност за да се реши проблемот.

Вежбање со доверлива личност

Пред да ја поведете дискусијата, вежбајте со некоја личност од доверба. Видете сами како реагирате и доколку не ви се допаѓа начинот на којшто би разговарале вежбајте сè додека не бидете сигурни дека ќе го имате правиот “настап“/пристап кон другата страна и одреденото прашање.

Јасна намена на разговорот

На оние кои ќе бидат инволвирани во разговорот однапред најавете, потенцирајте која е вистинската намена на состанокот. Не е лошо и да се извините доколку случајно некој се најде навреден, со образложение дека постои одреден проблем кон којшто треба сериозно да се постапи.

Целосна почит кон личноста

Без разлика со кого го водите разговорот, треба да имате почит кон соговорникот/ците. Можеби ќе потенцирате некој помалку срамен факт, но направете го тоа, на начин, личноста да не се почувствува деградирана. Бидете еднакво храбри и сочувствителни. Укажете на грешката, но со целосна почит кон човекот пред вас.

Фото: Pixabay