Колку книги би прочитале за времето поминато на социјални мрежи?

95

Omni Calculator е апликација којашто на корисникот му покажува колку книги би прочитал за една година, доколку не ги користел социјални медиуми.

Корисникот внесува колку пати секој ден поминува на интернет и колку долго се задржува, по што апликацијата го пресметува изгубеното време со неколку факти:

  • Просечна книга има 240 страници,
  • Просечна страница има 250 зборови,
  • Брзината на читање обични е 200 зборови во минута или 1,25 минути по страница.

Се наведува дека ако за 75% се намали времето поминато на интернет, воопшто нема да остави последици, ниту ќе го намали контактот на корисникот со неговите пријатели. Исто така, апликацијата дава предлог корисникот да избрише и некои апликации во неговиот телефон, како и да се јави наместо да испрати СМС порака или да забрани да му доаѓаат различни известувања од мобилните апликации, пишува Tree Hugger.

Фото: Pixabay