Како продуктивно да се справите со несигурноста

131

Не можеме да знаеме што иднината носи и токму затоа понекогаш чувствуваме несигурност, страв, стануваме сомничави и колебливи. Она што можеме да направиме за да ги сопреме негативните мисли е да планираме.

Можеби и планот ќе има грешки но, барем ќе бидете попатно продуктивни и подготвени и за неочекуваното.

Што треба да направите?

Одберете ги вистинските луѓе

За да имате што помалку грижи за работата одберете ги вистинските луѓе. Составете го тимот со личности на кои им верувате. Тоа треба да бидат луѓе кои ќе можат да се справат со непредвидени ситуации и да најдат решение кога ситуацијата изгледа безнадежна.

Контролирајте

Иако важи правилото дека не можеме во целост да ги контролираме случувањата, преземете го сидрото во свои раце и обидете да го скротите бродот. Не очекувајте надежта сама да ја заврши работата. Верувајте дека вие ја имате контролата.

Ризик на минимум

За да не создадете дополнителни несигурни ситуации, сведете го ризикот на минимум. На пример започнете кампања за групно финансирање на вашиот нов производ, за да не падне целиот финански товар на ваш грб. Или воведете претплата на она што го нудите со цел да избегнете проблем со готовинскиот тек.

Научете го тоа што треба

И премногу информации може да бидат штетни и да ги потиснат оние работи што навистина треба да ги знаете за продуктвно да се справите со несигурноста. Клучно е да научите да ги разбирате луѓето и како функционира вашиот сектор. Техничкото знаење е полесно да се добие, за тоа може да го искористите тимот. Вие посветете се умеење со клиентите, соработниците и луѓето кои ве опкружуваат.

Фото: Pixabay